Излегувам пред Соборниот храм затоа што #ИмамеДолжност

Дојде денот – 18.00 часот сите пред Соборниот храм затоа што #ИмамеДолжност!

Да ме прашавте пред неколку години дали би излегол на протест кој ќе биде организиран од црквата, децидно ќе ви одговорев не. Тогаш размислував дека нема потреба да се прават протести за промоција на семејните вредности, исто како што нема потреба да се прават и геј паради. Сметав дека најдобро е таквите теми да останат под тепихот.

Но, отпосле започнаа геј парадите. Ќе започнам од личниот пример дека веќе два пати профилот ми го буткаат невладините организирани од неколку неостварени карактери кои нивната „слободоумност“ ја демонстрираат преку репортнување на моите објави кои промовираат традиционални вредности.

Понатаму, веќе четири години по скопските улици маршираат „угнетените“ невладини и поддржувачите на овие паради. Да не продолжувам за целата пропаганда која се случува околу нас почнувајќи од дотичниот предлог-закон за родова еднаквост и матична евиденција, многуте финансии фрлени во невладиниот сектор, па сѐ до социјалните мрежи кои ја цензурираат едната (нашата) страна. Затоа, како одговор на сите либерални движења најдобро е да излеземе на сенароден собир. Практично, тоа е единствениот начин како најдобро можеме да го изразиме нашиот револт кон прокламирањето на овие вредности.

Некој збор за предлог законот

Многу е нелогично да се има ЗАДОЛЖИТЕЛНИ квоти за застапеност на жените во јавниот сектор. Едно е да се има еднаков стандард, а друго е ПРИСИЛНА подеднаква застапеност. Тоа е исто ко Рамковните работници… Овој предлог закон вклучува и редефинирање на значењето на пол и род и се овозможува легална РОДОВА ТРАНСФОРМАЦИЈА и се овозможуваат ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ. Затоа излегувам против и давам целосна поддршка на црквата.

А што правиме со овогодинешниот марш за „Правата на жените“ каде се извади транспарент „Црквата да одјебе“. Епа извинете дечки, ама баш затоа ќе излезам со црквата. Вашиот однос ме направи да бидам ТРН ВО ОКО и да се спротивставам на се она што НЕ Е НОРМАЛНО.

#ИмамеДолжност да ги поддржиме фамилијарните и традиционалните вредности, #ИмамеДолжност да излеземе за нас и нашите деца. Се гледаме пред Соборниот храм од 18.00 часот.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email