Една година од локалните избори: Дали кандидатите ја оправдаа довербата на народот?

Една година од локалните избори. Една година од изборите кои тектонски ги променија политичките случувања во Македонија и го сменија јавниот дискурс во нашата држава. Пред изборите слушавме многу, па една година подоцна би сакал да пишам мое мислење околу (дел од) избраните градоначалници.

Да почнам од она кое се каам до ден денес, дека го дадов мојот глас за Данела Арсовска. „Кметицата“ излезе најлош избор на ВМРО-ДПМНЕ, а од денешен аспект сметам дека оваа партија требаше да оди со лик како Коце Трајановски.

Кога сме веќе на тема оваа партија, факт е дека имаат најмногу градоначалници, а повеќето ја оправдаа довербата. Од скопските градоначалници можам да го издвојам Даре од Бутел, дечкото е 10/10, константно е на терен и реализира проекти. Во Ѓорче Петров имам роднини, а тие се презадоволни од Александар Стојкоски. За Кисела Вода немам мислење некое посебно мислење, моите другари од Драчево велат дека дечкото е одличен додека другите од поурбаниот дел го велат спротивното. Бидејќи немам став оваа општина ќе ја игнорирам, а и Герасимовски од Центар. За Бобан од Гази Баба можам да издвојам само едно нешто: патриотскиот концерт за Осми Септември. Стевче е приказна по себе, политички тешкаш и човек со големо искуство, но мислам дека веќе поминаа неговите 5 минути. И секако Скопје би го завршил со мојата општина, Аеродром каде конечно по 4 години живна населбата. Видливо е дека Тимчо навистина работи, а за тоа говорат многуте проекти.

Од општините надвор од Скопје ќе ги издвојам само оние кои ми се интересни. Од редовите на СДСМ како најдобри ги издвојувам Коста Косатдинов од Струмица и Перо Костадинов од Валандово. Станува збор за млади и капацитетни кадри на оваа партија, и иако не се согласувам со нивните политики на централно ниво овие личности се на ниво. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прво место надвор од Скопје, можам да го издвојам Марко Колев од Велес. Дечкото константно е меѓу млади, ја врати Питијадата направи паркови и слично, моите другари од Велес се презадоволни од него. Исто така, сакам да го истакнам и Максо од Куманово којшто продолжи да доминира.

Исто така, многумина пишавте и за Иван Јорданов од Штип. По коментарите можам да заклучам дека и Штип навистина живнал. Дури имаше примери каде луѓе ми пишуваа реферати за него, а од тоа сфатив дека навистина во градот конечно почнало да се работи. За Прилеп слушам поделени мислења и затоа немам став, а во Битола генерално сметам дека добро се работи и покрај опструкциите од централната власт. Коментари имаше и за Пецаков од Охрид, а јас реално имам одлично мислење за него. Најмногу ме воодушеви со тоа што го врати назад охридскиот маратон.

Кога станува збор за Кавадарци Митко Јанчев во следни 50 години нема да има конкуренција. Моите пријатели од таму до денес, со ист ентузијазам зборуваат за него и имаат голема почит кон Јанчев дека многу направил за Кавадарци и тиквешијата.

За помалите градови немам што да издвојам… Сабајле бев на кафе со другар од Демир Капија тој ми вика нивниот градоначалник не излегол од кафана. Има и такви примери значи, а тие не треба да се следат. Боем нека биде секој градоначалник, но по завршувањето на работното време. Во сите останати случаи тоа е неприфатливо.

Генерално, мојот одговор е дека една година подоцна најголем дел од градоначалниците ја оправдаа довербата од народот. По она кое го забележувам, независно дали станува збор за кандидати на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ младите ја оправдаа вистински довербата. Имаат ентузијазам и желба за промени. А оние на ДУИ градоначалници факт е дека само ја цицаат државата и се невидени штетници. Од албанскиот блок единствено би го издвоил Касами кој за нијанса е подобар од Теута Арифи и Таравари кој ми е личи на добар градоначалник. Другите од албанскиот блок генерално се ужасни и не работат да имаат соработка со Македонците од овие средини.

Ако некој не стигнав да го напишам или имате спротивно мислење слободно пишете во коментар.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email