Бојкотирам Halloween!

За жал, во нашата држава луѓето секогаш тежнеат да бидат нешто што не се. Правиме сѐ само за да се биде „во тренд“, па затоа многумина почнуваат да слават и празници кои не се наши. Таков е примерот и со „Ноќта на вештерките“, Halloween.

Во супермаркетите полни рафтови со тикви и страшни маски наменети за славење на Halloween… Деца облечени со маски на вештерки, вампири, нашминкани со црвена боја која треба да личи на крв, обоени бели лица што личат на духови. Не дечки, ова не е празникот кој треба нашите деца да го слават, пагански чин НЕ е македонски обичај!

Деца да слават ваков празник е надвор од здрав разум. Со ова, се ставаат во втор план нашите македонски и христијански обичаи и со тоа се нарушува нашата традиција. Halloween е штетен за децата! Овој туѓ празник се промовира низ хорор филови и со него се промовира многубоштвото, политеизмот и слични работи кои не се во согласност со нашите вредности.

Како Македонци ние мора да го бојкотираме овој празник. Доста даваме на држави со измислени херои да го креираат нашето јавно мислење и да славиме празници кои се против нашите вредности. Доста туѓото повеќе го величите од нашето! Бојкотирам празници кои не се дел од нашата култура, го бојкотирам Halloween!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email