АНАЛИЗА: Седум претседателски кандидати, пет Македонци, двајца во втор круг, еден победник

Веќе следната среда, за само шест дена нѐ очекуваат претседателските избори. На 24 април е првиот круг од овие избори кои внимателно ги следам. На гласачките ливчиња ќе се најдат седум кандидати, па би сакал да кажам по некој збор за секој од нив:

1. Стево Пендаровски – прв на гласачкото ливче ќе биде актуелниот претседател предложен од СДСМ. За него знаете веќе многу. Присутен е низ медиумскиот простор, во петте години власт остана маркантен по онаа изјава: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија. Трагикомично. Некои ќе речат „Стево е мангуп за разликата од бабата, затоа ќе го гласам“. Сепак, на овие избори не гласаме за мангуп, туку за претседател. Се однесува како инфлуенсер, единствена позитивна точка му беше законот за казина, но кога? Дури неколку месеци пред да бидат избори за политички поен плус. Сакам да ги пофалам СДСМ слоганот „Нашиот претседател“ под кој ја води оваа кампања. И баш е добро. Нашиот претседател од „Нашата држава“ како што они ја нарекуваат.

2. Гордана Силјановска Давкова – ВМРО-ДПМНЕ повторно се одлучи за професорката. Вреди да се напомене една работа, а тоа дека конечно ВМРО-ДПМНЕ оди со партиски претседател и реномирана професорка (за која најголема замерка е дека е ,,стара”, а американските кандидати се по 10 години постари). Видовме по Данела дека „натпартиски“ ликови се покажуваат како лоши. Силјановска за разлика од 2019 година сега е „исчеличена“ и во багажот има и пратенички имунитет. Како најголема замерка на почетокот на кампањата за неа ја имав феминистичката реторика, но гледам дека со тек на времето истата ја снема. Мора да констатирам дека во Македонија претседателот е фигура зависна од партијата која ја предложила. Затоа, ако се земе фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем фаворит за победа на парламентарните избори, логично е да се поддржи и Гордана. Во случај на двојна победа ќе биде добро што ќе соработуваат претседателот и премиерот, а кај нас во спротивно ќе има некое „бугарско сценарио“.

3. Стевчо Јакимовски – трет на гласачкото ливче е актуелниот претседател на ГРОМ и градоначалник на Карпош. Накратко, Стево може да се опише како „политички тешкаш“. Интересен ми беше моментот каде откако се обелодени дека е на црната листа себеси се спореди со Трамп. Моментот дека се најде на Црната листа на САД сметам дека ќе му донесе гласови. За Стевчо мислам дека е најдобро да ги прашате карпошани. Еден мој другар од Карпош ми вика: „Ако Стевчо земе место на Вила Водно, сигурно и таму ќе распише маркица за градба“. Има општи знаења, спемен е, но на сите ни е јасно дека во оваа битка е фигуративно да го измери политичкиот багаж и нема шанси за втор круг.

4. Бујар Османи – кандидат на ДУИ е сегашниот министер за надворешни работи. Ако се прошетате низ град и ги видите билбордите за Османи одма ќе помислите дека човекот се кандидира на претседател на ЕУ, а не на Македонија, никаде нема наше знаме туку само на ЕУ. Долго време во политиката, секогаш рака под рака со криминалците Ахмети и Груби. Од старт идеи недостојни за дебата како бирање на претседател во Собрание. Цела кампања провоцираат против Македонците. Тука простор за дискусија – нема.

5. Билјана Ванковска – и Левица се одлучи да кандидира професорка. Ќе ми се допаднеше ако Левица го кандидираше професорот Љубомир Цуцуловски кој го ценам како патриот. Но, се одлучи за Ванковска. Овде можам да кажам дека имаме кандидат со најрадикални ставови во надворешната политика. Ванковска директно се залага за излез од НАТО и вртење на државата кон БРИКС, Русија и Кина. И се ова ќе беше добро, но еден интересен е факт е дека децата на оваа професорка учат во западниот свет. Оттука, самите може да сфатите дека ако биле толку добри Русија и Кина ќе биле таму. Претседателската кампања ѝ се заснова на: „уништување и раскинување договори“. На страна што функција „претседател“ нема ингеренции за тоа, личи многу деструктивно, се зборува за права на работници и против десничари, комплетно сум идеолошки на различна страна од неа.

6. Арбен Таравари – докторот кој е најголемиот сончоглед. Често знам да слушнам како низ македонски кругови го сакаат Арбен Таравари, но откако се шитна да слугува за ДУИ јас го отпишав. Ми беше „симпатичен“ во кампањата за градоначалник и тогаш го поддржав. Но, отпосле следеа низа националистички изјави каде се понижува Македонецот. Барања за бирање претседател во Собрание како Османи, кои не заслужуваат ништо друго освен осуда. Интересно ми е како ја ублажува реториката и ги намалува навредите кон Македонците и се мести да коалицира со Мицкоски. Жал ми е што според Бадентер веројатно ќе мора да го направи истото.

7. Максим Димитриевски – последен, но и најмалку важен е Максим. Човекот кој крвареше во Собрание да го заштити Заев на крајот ја напушти СДСМ и ѝ се спротивстави при бирање градоначалник во Куманово. Изненадува од самиот старт навистина брзо собра потписи за оваа функција, ги утепа Левица од старт. Но не смее да заборавиме дека беше активен за референдумот. Кај него ми пречи тоа што е југословен и беше истакнат за референдумот. Да не беше, ќе му дадев јасна и недвосмислена поддршка. Сепак, со Максим неколку пати имам дискутирано, но пред сѐ за локална политика. Не знам како и дали има капацитет да ја води државата. Интересен е слоганот по неговото име „Максимум за Македонија“, но останува да видиме дали вака кратко формирано движење како ЗНАМ ќе успее да се консолидира за двојните избори кои ни следат.

За крај би сакал чисто да прашам следејќи ги слоганите: Гордана Силјановска Давкова е „Горда за Македонија“. Максим Димитриевски дава „Максимум за Македонија“ Се прашувам како ќе се викаше кампањата ако за претседател кандидираше пратеникот од СДСМ, Курто Дудуш? К*р за Македонија можеби, она кое го добиваме секои можни избори.

Бидете паметни, храбри и најважно од сѐ излезете и гласајте, по сопствен избор. Излезете зад параванот и дадете го некому вашиот глас.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email