Веќе години наназад, секојдневно, слушаме дискусии и дебата на тема „Америка или Русија“. Дали нашата земја треба да се сврти кон Истокот или Западот, или да проба да остане неутрална. Во продолжение ви го прикажувам мојот став на оваа тема.
Пишува: Боемот 2.0
Пред извесно време направив две анкети на мојот Instagram профил кои сами по себе ја прикажаа контрадикторноста на луѓето кои имаат про-руски ставови. На првото прашање: Дали сте про-американски и про-руски ориентирани, 66% од луѓето одговорија дека се проруски ориентирани. На втората анкета: ако треба да студирате, живеете или работите 78% од луѓето одговорија дека попрво би ја одбрала Америка. Кој парадокс. Зошто сакате да тежнееме кон држава во која ни вие самите не би сакале вашите деца да живеат или студираат?
Ако толку ја сакаме Русија, зошто сите имаме роднини во Америка, а не во Москва? Затоа што народот сфаќа дека во Америка има пари! Навистина има причина зошто Америка се нарекува „Land of opportunity“. Нашите генерации зборуваат за work and travel во Америка, а не во Русија.
Еден економски фактор кој сигурно нема да ви го кажат проруските ботови е тоа дека во Америка има 12 пати повисока просечна плата отколку во Русија. Русија не е само Москва и Санкт Петерсбург, во Русија спаѓаат и многу мали места за кои Скопје и Македонија се премија и неколку нивоа над нив.
По оваа објава сигурно ќе добијам и негативни коментари кои се сосема легитимни. Но сите имате пристап за интернет и самите истражете каква е економската ситуација во овие две држави. Америка со извозот на еден Ајфон (кој го држите во рака додека ја читате оваа објава) заработува карикирам 600-700 долари, а Русија за жал на многу полиња стагнира. Една Италија има подобро GDP од Русија и самото тоа е доказ дека животот во Русија е далеку од приказните кои сме ги слушале од нашите баби и дедовци.
Ние сè уште имаме мислење за Русите дека се некаков наш братски народ, но освен на зборови тие никако ни немаат помогнато нам. Немам љубов кон Американците, но ако сакаме економски просперитет мора да ја имаме Америка како стратешки партнер. 🇲🇰 🇺🇸
Боемот 2.0
P.s. И пред да зборуваме дека Русите ни се „братски народ“ да ве потсетам дека Русија ѝ нема помогнато на Македонија никако освен на зборови. И не само тоа дури ѝ има и одмогнато со штетните договори потпишани таму за поделба на Македонија. И да, во градовите низ Македонија нема руски инвестиции, додека амерички ги има многу.