Митот наречен „семоќниот црвен пасош”

„Со црвениот пасош сегде шетавме, цел свет сме го прошетале”

– Ејј супер, кај сте биле?

„Па сме биле во Трст, Љубљана, сме оделе до Белград, Будва и Херцег Нови на море. Абе низ цел свет!” 🛂

За Југославија има многу да се зборува. Има многу позитивни, но и уште толку негативни страни. Во оваа објава сакам да кажам нешто за тој семоќен црвен пасош.

Ако слушам некој постар човек муабети за тој црвен пасош се осеќам на еквивалент како да слушам муабети за нивното одење во школо. Ко да поминувале 6 планини и реки, па боси оделе во школо. Сега вистина е дека било потешко, но факт е дека се преувеличува. Така и со црвениот пасош. Го зборат фамозно и многу, а не биле подалеку од Трст (по фармерки) и во Херцег Нови на одмор.

Тој црвен пасош го зборат толку многу, а реалноста е дека дури и ние (такво како што е времево – далеку од идеално) многу повеќе имаме прошетано од нив. Направете една паралела денес. Секој втор млад човек се вози со авион и ги има видено европските метрополи. Ретко кој не бил барем еднаш некаде со евтин лет или пак со кола на прошетка.

Да збориме реално старите повеќе патат по младоста отколку по тој црвен пасош. А да не збориме како шетале? Со спиење по камп приколки и бубашваби, манџи… Да бидам брутално искрен?
Снежец сладолед со смрзнато млеко и какао, (овој сега се шитка по 10 денари, гледам попрво бирате корнет наместо ова)… Од сокови Јупи наместо Кока Кола. Југо наместо БМВ, со денови патување и правење паузи да се одмори моторот на колата…

А муабетот за црвен пасош како братче и сестра си одат секогаш со муабетот ,,Ама порано ако си легнеш на улица никој нема да те чепне”. Да ви кажам искрено? Фала богу што моментално немам потреба да лежам на улица! А и како го кажувате ова ко сега да ако легнеш одма со секира ти доаѓаат 😆

Што е уште појако овој муабет за црвен пасош и за стари добри времиња го прават дечки родени 2004-та… Родени се кога во мода беше коса со боцки, поим немаат за Југославија, ама битно тажат… Тажат за младоста која допрва им доаѓа.

Ајде доста гледање со розеви наочари 💕 Вратете се назад во реалноста и доста цимолење ❤️

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email