Од работа нема срамота

Имав само 15 години кога првпат се вработив во една печатница. Јас, детенце со пубертетски бркчиња, изгубен и збунет почнав да работам. Работев 4-5 саати дневно, а дневницата ми беше смешни 200-300 денари. Не ми беа неопходни, но откако ќе ги земав вечерта имав да си купам сладолед и хамбургер без да им барам пари на моите.

На 16, па на 17 сезонски работев во еден магацин. Таму работев 8 саати на ден, за дневница од 600 денари. Беше напорно, пакетите беа тешки, но 600 денари на тие години ги гледав како достигнување. За разлика од моето прво искуство каде сите пари ги трошев на сладоледи и хамбургери, овој пат 100-ка трошев за одење на кафе, а другите 500 денари ги тргнав на страна. Од 500-те денари кои ги тргав на страна отидов со друштвото на одмор во Охрид…

На 18 години почнав нешто свое за кое многумина викаа дека нема да ми успее. Повеќето го гледаа со потсмев, а денес не само што не ми се смеат туку ме прашуваат и како го правам тоа што го работам. Напоредно, бев и на програмата work and travel. Моето најдобро искуство кое многу ме осамостои и ме научи дека не е лесен живтот како странец во „белиот свет“. Таму убаво заработив, но не вратив голема заработка бидејќи шетав со тие пари.

Денес убаво заработувам за мои години. Веќе 4 и пол години успешно работам во секторот на мулти-левел маркетингот и заработките се одлични. Веќе сум над просекот, а за жал ги слушам луѓето коментираат „лесно му е на овој“ иако реалноста е далеку од тоа.

Во животот сум работел СЀ! Од магацини со влага, униформа во Мекдоналдс, до печатници по подруми. Никогаш не сум се срамел од она што го работам ниту од самиот себе. Им благодарам на моите родители што правилно ме воспитале и никогаш не ме разгалиле.

Со текстот погоре сакам да ви кажам само едно: Никогаш не се срамете од она што го работете! Магационери, хигиеничари, келнери… Која е потребата да се срамите од вашата работа ако чесно го заработувате вашиот „леб“? Нема поента! Нека се срамат тие што одат по елитни ресторани со криминалните пари на мама и тато, а не вие кои работите цел ден да помогнете дома. Секогаш држете ја главата горе бидејќи ОД РАБОТА НЕМА СРАМОТА.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email