Дали сте нормални?

Додека светот се соочува со енергетска, економска и здравствена криза, војни и слично просечно Македонче е загрижено за тоа што ќе се случи со Адам Лабунски во Задруга!

Добро, дали сте нормални? Зошто го гледате тоа шоу и зошто го популаризирате со објави по вашите медиуми вадејќи исечоци и кликбејт наслови „ЕВЕ ШТО НАПРАВИ_“ и слично. Па, народов уште по коментари се расправа кој бил, а кој не бил во право. Читам и не ми се верува. Сепак додека овци ќе има и волна, па народот го гледа ова шоу за перење мозоци и наместо да направи нешто продуктивно, грицкање сончоглед, гледање Задргуа и трач муабети за жолтата штампа.

Сѐ додека поддржувате шоу каде се промовираат неморални вредности немојте да се чудите зошто сме дојдени до ова дереџе. Време е да згаснат сите шоуа како „Задруга“, „Фарма“, „Велики брат“, па после да размислуваме да одиме напред. Вака? Само тонеме!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email