Партиски ботови

Ги следам партиските препукувања на социјалните мрежи (најмногу Твитер) околу осомничените за убиството на ракометарот Тот. Едниве пишуваат како дека тој бил другар на лидерот на опозицијата, другиве им возрвраќаат власта е во ваши раце, „што пробавте да скриете“. И се навредуваат на лична основа, пцовки и што не… А уствари, на нив не им битно детето и изгубениот живот, практично не им е битно ништо освен нивната бедна политичка партија.
Не можам да разберам како успеавме да направиме толку поделено општество, да шириме толку многу омраза заради нечии интереси. И тоа го има секаде. Ако сакаш да работиш во државна администрација прв муабет е „ти од нашите ли си“, па ако добро стоиш со „останатите“, по дифолт си од „вашите“. И вечно одење низ тие партиски лавиринти, оговарање со колеги дека тој бил од нивните, а така до недолглед.
Параллно на ова, имаме бојкот од просветните работници кои сосема логично бараат повисоки плати. И сега, директорите од владејачката партија (видовте на стори со тој од Корчагин) ги принудуваат наставниците да одат на настава, за во спротивно ако не одат ги декларираат како „вмровци“. А тие, само се објективни и конечно го креваат гласот.
Заклучокот е дека партиските паразити се дното во нашето општество. Дечки, правете се‘, членувајте по партии ако сакате, само немојте да се спуштате волку ниско, да навредувате, да си вадите очи за интересите на некои други.
Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email