„Немал видливи телесни повреди“, „Самиот паднал“, „Несреќен случај“, „Склоп на околности“ и слични изговори при секое сомнително убиство и секој загубен млад живот. За отпосле, откако ќе се случи немилиот настан да дознаеме дека: Дурмо Турс немал валидна техничка проверка на автобусот, Беса Транс немала соодветна лиценца за превоз на патници, струшката ординација немала лиценца да вади органи од родилка, а сега да дознаеме дека и Привилиџ немал лиценца за работа.
А ние? Наместо да превенираме да не се случи инцидент кој завршува кобно се однесуваме како сè да е средено. Имаме 200.000 луѓе во администрација, превработени институции, рамковни работници. Луѓе кои земаат плата без да прават ништо, а со нивните пари децата се курчат низ градов. И стварно. Ништо не е како што некогаш било.
Јас лично веќе не се осеќам безбедно во мојот град. И ме плашат и самите последици… Невини луѓе лежат по затвори, а оние кои треба да се на нивно место пијат моети по дискотеки. Не можам веќе да преќутам. Надлежните спијат, криминалците добиваат на сила, а чесниот народ страда. ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА! ДО КОГА ВАКА?
P.s. Во истава пригода искажувам сочувство до фамилијата и блиските…
P.p.s. Два дена се воздржувам од текстов бидејќи ако го напишев тогаш ќе беше полн со навреди и пцовки и ќе изреагирав премногу импулсивно. Но, можеби во ваква држава некогаш добро е да сме импулсивни и да ги отераме во „три лепе“ сите кои направија да бидеме на ова дереџе!?