Маалски медиокритет

Забележувам една работа која воопшто не ми се допаѓа. Голем дел од младите во нашата држава живеат со просекот. Иако имаат голем потенцијал и можат да имаат одлични кариери, тие го земаат билтенот под рака и како врховно достигнување ја гледаат добивката во казино или кладилница и така се претопуваат во тој маалски медиокритет.

Дечки, не дозволувајте околината да ве влече надоле. Секој сам е кројачот на својата судбина, па затоа не вреди времето да го губите правејќи непросперитетни муабети: трачеви, дневно-политички препукувања „краделе партииве“, кладилници, ниско-интелигентни теми на разговор со пцовки, обвинувања друг за неуспеси и слично.

Сите ние можеме да бидеме носители на промени, да работиме за солидни финансии, да бидеме нова генерација која ќе постави нови стандарди. Да не дозволиме средината да не повлече надоле и да работиме деноноќно нашите соништа да станат реалност. Наместо непросперитетни муабети и трачеви, ајде да зборуваме за идеи, иновации, дестинации за патување, нови доживувања и успеси на професионален план. Се разбира, не заборавајќи на нашите фамилии и местата од каде што потекнуваме, нашите сакани маала.

Имаме потенцијал, имаме квалитети, имаме МОЖНОСТИ. Доста ни е од просечен живот со работа од 9 до 5 и одмор 10 дена годишно Да не дозволиме да се претопиме во маалската медиокритетска структура и да го прошириме нашиот дијапазон на гледишта!

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email