Први април е единствениот ден во годината кога можеш нормално да живееш во Македонија

Први април е единствениот ден во годината кога можеш нормално да живееш во Македонија! 🎪

За да ги сфатиме „натприродните појави“ во нашата држава и да мислиме дека тие се нереални можеби е добро секој ден да ни биде Први Април. При вакво судство, образование, здравство, економија… Тие што украле 20 ќебапи окапуваат по година дена во затвор, тие што украле милиони со фамилиите уживаат по песочни плажи.

Овде правдата е само предизборна именка. 🎪 Овде синовите на мафијашите се фалат со парите на фамилијата и продаваат приказни за морал, а децата на чесните родители се срамат со просечните примања. 🎪 Овде здравството е соодветно со земјите од третиот свет. 🎪 За да дојдеш на ред мора да имаш врски, а кога ќе дојдеш мора да подмитиш за да се убрза процедурата. 🎪 Овде за да ти ја исплатат твојата нормално заслужена плата мора да замолиш некој и се деградираш себеси за она што е твое право. 🎪 Овде нормалните за да се прилагодат на системот стануваат ненормални. 🎪 Овде се цени ПАРТИСКА КНИШКА, наместо КВАЛИФИКАЦИИ. 🎪

Здравиот разум одамна не постои. И сите бараат промени, но кога доаѓа време да се направат вината ја бараат во сите, освен во себе? Дури и циркус е премија. Бидејќи има крај и време кога завршува. Ова нашево нема крај. Тонеме како во жив песок… Што да кажам, освен да ги ставиме маските и да гледаме со розеви наочари… 👺 🎭 🎀

Боемот 2.0 🎪

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email