Скопје како Хонг Конг: Стоп за прекумерното градење и слепото профитерство

На прв поглед сигурно сметате дека оваа слика е направена некаде во Хонг Конг или во некоја азиска провинција. За жал не е така другари. Оваа слика е направена во центарот на главниот град, во Капиштец. Место каде народот наместо утринското кафе да го испие со поглед низ прозор за зеленилото околу неговата зграда тој ужива гледајќи го долниот веш на комшијата. 

Ќе беше смешно, ако не беше трагично. Работите целосно излегоа од контрола. Политичарите јаки на зборови во кампањи дека нема да се гради, а на крајот сите си делат тендерчиња ко крем банани за роденден во основно, а зградите низ градов никнуваат како диви печурки во шума.

Ова веќе нема смисла. Ниту станарите можат да ја обезбедат потребната дневна светлина, ниту има соодветен провев на воздух. На животната средина политичарите мислат само пред избори. И едните и другите, и третите и четвртите. Сите гледаат само слепо профитерство и забораваат на моралните аспекти. 

Ова е во Капиштец. Политичари јаки на зборови имаме и во Аеродром кои пред избори со две раце потпишуваа дека нема да се уништува зелена површина, а сега никаде ги нема. Истото се случува и во Железара каде СЕ УНИШТУВА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА за развој на лесна и тешка индустрија која би го труела скопје.

Јас не велам дека целосно треба да се престане да се гради. Да бидеме реални, тоа е речиси невозможно, а и сите големи градови се градат. НО! Мора да се има план каде ќе се гради, а таму каде се отвора лесна и тешка индустрија треба јасно да се каже за каков отпад ќе станува збор, а не да помине на мала врата и сите да се угушиме.

Редно време е за промени. Редно време е да се обединат младите луѓе од оваа држава без разлика на нивната идологија и да ги засукаат ракавите за да обезбедат подобро утре. Убаво е да ги користиме социјалните мрежи за да ја кренеме свеста за еколошката КАТАСТРОФА која го демне нашиот град, а потоа ако е потребно да излеземе и на улиците. Facta, non verba. Дела, а не зборови!

Боемот 2.0 #МладинскоОбединување #СтопЗаГрадежнатаМафија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email