Учениците ќе се вратат во школските клупи, менаџерите ќе се вратат по дискотеките, БОЕМИТЕ ќе се вратат по кафаните. Она што вас треба да ве загрижи е каде ќе се вратите вие? Дали ќе се вратите на просекот кој го живеете? Работа од 8 до 4, кафе у маало и муабет „ќути има и полошо“. Искрено, се надевам дека не. Се надевам дека во претходниве година дена (а и сега се‘ уште не ви е касно) имате време да научите некој нов занает/вештина/квалификација. Тогаш, веќе ќе се наоѓате во друга позиција. Веќе нема вие да зависите од компанијата кадешто работите, туку тие ќе зависат од вас. Доаѓате во позиција каде не само што не зависите од газдата, туку и можете да бирате за кого би работеле, а зошто да не и за самите себе односно да имате сопствен бизнис.
Сакале или не, живееме во капитализмот. Систем кој му нуди најмногу можности на поединецот и неговиот труд најлесно доаѓа до израз. Затоа ВЕ ОХРАБРУВАМ да учите нови вештини. Да бидете компетентни на пазарот на трудот. Да бидете стручни во својата област и да го цените својот труд… Затоа што ако самите не се цените себе, друг воопштно нема да ве цени.
Има една стара поговорка која гласи: „не ги чувајте сите јајца во иста кошница“. Епа тоа во пракса се покажа со короната. Тие што имаа повеќе бизниси во различни сектори во најмала рака не банкротираа, додека оние со само еден извор на приход за жал лошо се справија. Затоа, учете од грешките. Затоа повторувам: Учете, едуцирајте се и бидете стручни во својата област. Само знаењето никој и никогаш не може да ви го земе!
Боемот 2.0
p.s. на мои години веќе сум дел од неколку бизниси и имам 4 извори на приходи. Не кажувам да се пофалам, само ви кажувам дека не ги чувам сите јајца во иста кошница