Cogito, ergo sum

Мислам, значи постојам… Кога ќе заврши денот исполнет со обврски, кога ќе го исклучам телефонот и кога ќе го спуштам лаптопот… Доаѓаат најтешките моменти мислејќи за се‘ она што сум го одбегнувал преку денот… Лежам, сакам да спијам, но мислите не ми дозволуваат.
Ме враќаат назад кон оние кои прерано ме напуштиле… Но и до кај сум јас? Колку сум продуктивен? Емоцијата излегува на површината, Пандорината кутија се отвора… Од неа излегуваат психолошките теми… За да избегам од претераното мислење одново го земам телефонот, а таму само насмеани лица. Ех, помислувам, камо нашите животи да беа како инстаграм профилите… Само шетање, насмевки, журки и друштва… Но, за жал не се. Позади камерата не може да ставиме филтер. Ниту пак можеме да употребиме фотошоп да ги разведриме нашите лица.
И тогаш, веќе не можам да избегам од реалноста. Мислам за подлабоко за фамилијата, за друштвото, вистинската љубов… За смислата на животот и стравот од смртта. Се плашам ли воопшто од истата? За што живееме и што да оставиме позади нас? Колку и да сум јак преку текот на денот, се плашам да одговорам на некои од овие прашања. На крај конечно заспивам, но мислите одново ме стигнуваат следната вечер. И пак по старо… Не знам што да мислам. Се надевам дека чекорам по вистинскиот пат и дека еден ден нема да се каам што сум тргнал по истиот…
Се разденува… Првиот зрак ме тера да заспијам, а по неколку саати веќе сум на нозе, со утринско кафе и насмевка на лицето… Пак по старо. Насмевки, секојдневно шали и рутински обврски. А времето лета. Како вчера да беше кога стапнав во училиште сега размислувам за фамилија… Времето лета… Затоа живејте и уживајте во момементот…

Боемот 2.0 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email