Зошто јавните личности си го уништуваат реномето рекламирајќи брзи кредити?

Не можам да разберам зошто некои јавните личности во Македонија си го уништуваат реномето рекламирајќи го најголемото зло – брзите кредити.

Да почнам од Игор Џамбазов… Според мене, омилен глумец, омилен писател, омилен инстаграмџија. Човек со натпросечно IQ и одлична смисла за хумор. Истиот тој човек кој целата нација го сака како татко се решава да посегне по рекламирање брзи кредити. Стварно ми е нелогично како се нафаќа да ги рекламира кога и самиот тој во младоста страдал од злото наречено комар, а сите знаеме дека комарџиите се главни клиенти на брзите кредити.

Кире Лазаров – најдобар и мој омилен ракометар. Голем патриот и најпожртвуван човек кога станува збор за националниот дрес. Човек кој заработува илјадници евра на месечно ниво и претпоставувам дека ништо не му менува една реклама за брзи кредити – тој тоа го прави веќе години во јавноста.

Жаре еден на еден – без разлика што излезе скандалот со тендерите од Влада, до тогаш Жаре прилично доста беше почитуван во јавноста. Има кренато забавно шоу за кое има поставено светски стандарди. Истиот тој Жаре сега освен што решава да се поврзе со Владата и да потпишува сомнителни тендери, рекламира и брзи кредити.

Не можам да разберам… Сериозно не можам да разберам. Како овие јавни личности решаваат да рекламираат вакво зло, да рекламираат нешто од кое 95% од луѓето имаат негативно искуство. Земаш 20000 денари, принуден си да вратиш 40000 денари… И ти како јавна личност се решаваш ова да го рекламираш…

Секој сам си решава што ќе рекламира и ако стварно парите им се поважни од реномето тогаш слободно нека ги земат. Никој не ви подарува пари, никој не видел аир од овие брзи кредити. Правете рационални одлуки, а на оние кои земаат пари за да ви ги рекламираат брзите кредити нека им служи на чест. Особено на горенаведените кои ги гледам со различни очи откако донесоа таква одлука.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email