Тивкото мнозинство е посилно од кога било!

Иако во последно време можеме да забележиме се‘ поголема пропаганда наменета за создавање на некоја „нова нормалност“ прифаќајќи нови вредности, тука сум да Ве потсетам дека ние сме тивкото мнозинство.
Ние сме тивкото мнозинство што има силно национално чувство. Тивкото мнозинство што себеси се декларираат како Македонци, за разлика од нивните ,,прогресивни“ другарчиња – умови кои не познаваат нации и се „граѓани на светот“.
Ние сме тивкото мнозинство кое се‘ уште е традиционално. Ние сме мнозинството кое има почит спрема родителите, народното творештво, историјата, сите дејци кои твореле на овој простор. Нас не ни требаат геј паради за да се покажеме кои сме. Доволно добро знаеме и немаме потреба од експонирање. На нас фамилијата ни е пред се‘. Имаме почит кон народната музика, народните танци и ора. Ние сме традиционални, а околината не‘ гледа како „затуцани“ бидејќи веруваме дека има САМО два рода – машки и женски, а семејството го гледаме како заедница меѓу маж и жена.
Ние сме тивкото мнозинство кое најнормално комуницира меѓу себе без употреба на фразите „пер, не ми текиња зборчето на македонски“, „екшуали“, „као“ итн. Тивкото мнозинство кое е сочинето од многу полиглоти, но пред се‘ си го знаат сопствениот јазик – македонскиот. За разлика од нивните врсници кои не си го знаат сопствениот јазик, а ги знаат странските. Не може така. Ако сакате да ја изградите куќата секогаш се почнува од темелите.
Ние сме тивкото мнозинство кое било на секој дел од тркалото. Еден дел горе, друг ден доле. Ние сме тивкото мнозинство што израснало по трибини. Ние сме тивкото мнозинство кое знае за авторитет на постарите во маало. Мнозинството кое полнело шишиња со вода на постарите без да им пререче збор, а токму таа стравопочит не’ научила на многу работи во животот.
Ние сме сите оние кои не се експонираат, но секогаш се свои на своето. Нема да дозволиме да не‘ надвладеат, нема да дозволиме да не‘ повлечат. Ние сме мнозинство, но тивки… А тивка вода – брег рони.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email