Прв дел политичка анализа: Која е историската позадина зад конфликтот на Русија и Украина?

За да зборуваме за конфликтот меѓу Русија и Украина најпрво треба да ја знаеме историската позадина на овие две држави.

Сè започнува од заедничките корени на овие две држави во источнословенската држава Киевска Русија, а токму затоа денес Путин Украинците ги нарекува за „еден ист народ“. Но, во реалноста станува збор за два тотално различни народи кои иако се блиски, сепак се тотално различни. Во 17 век, големи области на денешна Украина стана дел од руската империја. По нејзиниот распад во 1917 година, Украина стана независна, што траеше кратко, сѐ додека советска Русија не ја освои повторно.

И во мрачните времиња на комунизмот овие две држави имале проблеми. По полско-советската војна од 1919 година, формирана била Украинската социјалистичка Советска република со главен град Харков. Во 1922 година Укрина стапува како дел од Советскиот Сојуз. Во 1934 одново се менува главниот град потоа го добива како главен град Киев.

Со цел подобрување на туризмот, а со тоа и економијата, Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз донел одлука полуостровот Крим да го додели на тогашната Украинска ССР, кој бил дел од територијата на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во 1954 година.

Во 1991-та Украина стана независна држава и иако првичниот план на Русија беше дека оваа држава, како и Белорусија ќе бидат дел сојуз, Укрина продолжи да се оддалечува кон Западот. Вистинските проблеми започнуваат во 1991 година околу статусот на Крим каде иако живеат мнозинство Руси тој остана да ѝ припаѓа на Укрина. Со цел смирување на ситуацијата, во 1997 година со потпишаниот таканаречен „Голем договор“, Русија ги призна границите на Украина вклучувајќи го и полуостровот со етнички Руси – Крим и со тоа се гарантирал територијалниот интегритет на двете држави. Овој договор се обновувал на секои десет години, но поради анексијата на Крим во 2014 година од страна на РФ, тогашниот претседател на Украина, Петро Порошенко, потпишал декрет за непочитување на договорот. Во 2014 година бил одржан и референдум на територијата на Крим, каде населението поддржало присоединување кон РФ, но референдумот се смета за неважечки, бидејќи е спроведен само на територијата на Крим, а не на чела територија за Украина.

Боемот 2.0

Продолжува…

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email