ПОИМ ЗА ВЕРНОСТ: Фемили Аеродром со спектакуларно шоу прослави 25 години постоење (ВИДЕО)

Еден од графитите во населба Аеродром кој има посебно значење за сите „плаво-бели“ ентузијасти е тој каде што пишува „поим за верност“. Со вчерашното пиротехничко шоу Фемили Аеродром на дело го докажа тоа и доследно го одбележа јубилејот 25 години постоење.

Пиротехничкото шоу се протегаше долж целиот булевар „Јане Сандански“, булеварот „АСНОМ“ и булевар „Србија“ и беше вистинска сензација за аеродромци. Повеќе од 300 запалени „бакљи“, многу навивачи и уште повеќе енергија беа само дел од вчерашниот спектакл на оваа навивачка група. Ова, кулминираше во вечерните часови кога младата екипа аеродромци со стихови како „О МЗТ те сакаме“, „Знај срцето е мое бесмртно се дур ти си Скопје во него“, „До смрт ќе бидам плаво-бел“ го најавија денешниот значаен натпревар за МЗТ Скопје, полуфинале во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Во продолжение може да го погледнете ова видео:

Со овој гест Фемили докажа дека е „поим за верност“, а сега останува КК МЗТ Скопје да ги израдува со пласман во АБА 1 лигата, таму каде што е местото на аеродромци.

Картите за вечершниот натпревар се пуштени во продажба преку продажна мрежа на „Мктикетс“ и истите одат во хуманитарни цели за фондацијата „Марко Божиновски“. Цената на еден билет изнесува 100 денари, а блок билет е 300 денари.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email