Еднакви можности, наместо еднаква заработка: Затоа го сакам капитализмот!
Во општество каде модерно е да бидеш левичар, социјалист и човек кој само на зборови е open-minded јас го правам токму спортивното – ја одбирам страната да бидам капиталист и десничар.
Зошто капитализам?
Сите ние не сме родени со исти способности, не го правиме истото, некој цел живот работи и пробува сам да заработи, додека некој цел живот безделничи и чека заработка „на тацна“.
Според секој човек со здрав разум логично е дека ако некои двајца не сработиле исто НЕ треба исто да заработат. Во пракса тоа и капитализмот. Заработуваат оние кои работат и чии идеи успеваат. Многу е нелогично да се бара еднаквост во приходите и крајниот исход доколку двајца различно сработиле и така доаѓа до демотивирање на поединците. Токму затоа социјализмот создава ЗАТВОР за секој претприемачки мозок и доведува до стагнација во општеството.
Ставот на капитализмот и на луѓето кои се за free market е едноставен: еднаквост на МОЖНОСТИ (equality of opportunity) наместо ставот на социјалистите дека секој има право на еднаков ИСХОД (equality of outcome).
Го одбирам капитализмот затоа што скоро секогаш досега социјализмот се покажал како неуспешен односно неиздржлив на долг период. Зошто? Затоа што е ФИНАНСИСКИ НЕВОЗМОЖНО цената да се формира од државата. Така само се создаваат вишок на производи! За разлика од тоа во капитализмот цената се формира на пазарот врз база на ПОНУДА И ПОБАРУВАЧКА.
Дополнително, го одбирам капитализмот и рамните и ниски даноци заради тоа што нема зошто јас ако заработувам повеќе од друг да плаќам процентуално повеќе. Многу е неферски и деградирачки, а и така доаѓа до даночна евазија.
Да сумирам: КАПИТАЛИЗМОТ Е ОДЛИЧЕН ЗА ОНИЕ КОИ ШТО РАБОТАТ И СЕ ТРУДАТ. Благодарение на капитализмот можам да менаџирам со сопствен бизнис и сам да си одлучувам за своите финансии наместо тоа да го прави државата во мое име.
Еднакви можности, наместо еднаква заработка: Затоа го сакам капитализмот!
Боемот 2.0 #EnjoyCapitalism #CapitalismWorks