Доналд Трамп – единствен американски претседател во чие владеење немало војна!

Кога беа изборите во 2016, па во 2020 година во Америка јасно и недвосмислено го поддржував Доналд Трамп. И тогаш, многу Македонци коментираа „што ти менува ако Трамп е претседател“, „што се замараш со Америка“, „нас ни е исто кој и да е“. Исто е, ама не е исто.

Како и секој претседател на Америка, Трамп имаше и позитивни и негативни страни и тоа е најнормално кај секој претседател. Но, Трамп се разикуваше од другите претседатели по една работа, најважната за просечните граѓани ширум планетата Земја. Во негово време немаше ниту една војна!

Но, ете дојдоа прогресивните Демократи, па продолжи Америка да спроведува „мир“. Мирот на Демократите донесе војни, ескалираше состојбата меѓу Израел и Палестина, сега на раб на егзистирање од војна е ситуацијата меѓу Русија и Украина.

Иако Америка изгледа далеку од нас, сепак многу политички одлуки многу ни менуваат нам. Не кријам дека сум про-американски ориентиран за некои прашања, но владеењето на Демократите во оваа држава во светски рамки не носи ништо освен немири, тензии, војни.

Размислете повеќе сами, и размислете дали и следните избори во Америка пак ќе поддржувате кандидат предложен од Демократите.

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email