Дното на нашето општество: партиски паразити!

Од утре започнува кампањата на локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври. Судејќи по работите кои се случија пред официјлано да започне кампањата, ова ќе биде многу гаден период бидејќи ќе се изнесат секакви невистини. Но, она што загрижива се партиските ботови и нивната залепеност од нивната политичка партија.

Слушам се‘ повеќе млади луѓе како размислуваат на следниов начин: „Ај ќе се зачленам у партија, ќе идам на собири, коа ќе дојдат на власт ќе ме вработат, ќе имам сигурна плата на први и ќе си го наредам животот.“ Слушам и им го мерам паметот (што го немаат). Можеби некој ќе ви каже: „Алал вера брат, си се снашол“, но јас никогаш нема.

Сите вие што идете у партија само колку да се вработите, за мене сте паразити. Млади, здрави, луѓе способни за работа се понижуваат за да ги вработат. Луѓе без сопствено јас, или уличарски кажано- слепци. Слепци за бедата околу нив. Слепци за проблемите на оние кои не сме од партија. Дека за да извадиме еден пасош треба да поминеме низ лавиринти, а не пак да одиме по институцииве за некоја покомплицирана работа. Слепци… Пошо за нив секогаш ќе е диригирано и средено. Ако се на власт, се‘ ќе им сјае, ако се опозиција ништо нема да им чини. Не е се‘ црно ниту бело, но тие за да ги распознаат нијансите ќе треба да им се обрати лидерот. Лизни – мазни…

Засукајте ракави. Научете вештини, завршете факс, бидете стручни во некоја област, па отпосле зачленете се у партија ако веќе натаму сте тргнале. Проширете го видикот, научете вештини, инвестирајте во образование. Така дури и да се зачлените утре у партија повеќе ќе ве ценат. Во партиите има и многу просперитетни луѓе, но не можат да дојдат на израз заради ваквите сељаци – паразити.

Ова е мојот став и истото важи и за членовите на ВМРО, СДСМ, Левица и сите други кои се небитни. Жал ми е што сте со ограничени гледишта, но ако амбицијата во животот ви е пиење пиво на гајба у маало и ништо повеќе, не ви се мешам. Вие сте измислени за во партија. Среќно🤩

Боемот 2.0

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email