ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ДИРЕКТНО ОД ФРАНЦИЈА: Голема победа за крајната десница предводена од Ле Пен и Бардела!

Избори во Франција - Марин Ле Пен и Џордан Бардела со историска шанса

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ДИРЕКТНО ОД ФРАНЦИЈА: Голема победа за крајната десница предводена од Ле Пен и Бардела!

Што се случи на изборите?

Денеска Франција гласаше. Директно од Кан, Азурен Брег пишувам објава во која сакам да објаснам што се случи денеска и како изгледа француската политика.

Франција – држава некогаш позната како идеално место за живот на многумина, економски лидер во светски рамки, прва по туризам со знаменитости како Ајфелова кула, Елисејските полиња, а и Азурниот брег каде се наоѓам моментално. Секако за многумина прва асоцијација за Франција е убаво вино и згодни жени. За разлика од некогаш денес Французите имаат многу проблеми: неконтролирана имиграција, високи даноци, голема инфлација и држава која многу дава за ЕУ, а малку добива назад. За оние кои следат политика, не треба многу да се сетат на жолтите елеци од пред година дена.

Денеска истата таа Франција гласаше и за првпат по втората светска војна одбра крајно десничарска партија. Со нешто повеќе од 34 отсто од гласовите партијата ,,Национален собир” предводена од Марин Ле Пен и Џордан Бардела победи на изборите. Сепак, конечниот резултат ќе зависи од вториот круг на изборите кој ќе се одржи на 7 јули. На второ место на изборите е социјалистичката коалиција која брзински се состави во предизборието наречена ,,Нов народен фронт”. Тие освоија 29 отсто од гласовите. Трет е актуелниот претседател Емануел Макрон кој освои 20,3 отсто од гласовите.

Франција конечно се вразуми од либералните политики на Макрон. Веднаш по изборите се огласи Марин Ле Пен која вели дека народот одлучи да стави крај на корозивното владеење. Таа додаде дека треба масовност за вториот круг каде ако партијата освои апсолутно мнозинство нов премиер би бил Џордан Бардела. Марин Ле Пен пак, би одела да биде нов претседател на изборите кои ќе се одржат во 2027 година кога завршува мандатот на Макрон.

За што се залага Џордан Бардела?

Клучното ветување на Бардела е дека ,,ќе го врати редот во Франција” и дека ќе ограничи миграцијата. Тој го запре традиционалниот стереотип за француската крајна десница дека е проруски ориентирана. Тој рече дека Франција контролирано и внимателно ќе дејствува за војната во Русија и Украина, но во ниту еден случај нема да прати војска на барикадите од украинска страна кое патем беше предлог на Макрон. Освен тоа, тој ретерираше од реториката дека државата ќе излезе од НАТО. Секако, даде дознаење дека на прво место ќе е внатрешната политика и секако економскиот раст. Бардела е многу популарен кај младите луѓе и заради неговиот предлог за големо намалување на даноците за младите луѓе и младите претприемачи. Во неговите говори, исто така се препознава и ,,социјален аспект” кој го прави примамлив за ,,жолтите елеци” а тоа е дека ќе направи бенефиции и за луѓето со ниски приходи. Сепак сѐ се сведува на имиграцијата. Тоа е главното прашање зошто токму тој стана примамлив за француските гласачи.

Мене лично ми се допаѓа крајната десна политика во државата која прва е погодена од мигрантската криза. Исто така, многу евидентно е дека партијата не е екстремистичка туку за да придобие поголем број на гласови веќе не е толку радикална како што била пред 10-ина години и практично убаво се ребрендираше.

Како помина првиот круг на изборите во Франција?

Денешните избори поминаа со излезност од 69,5 отсто – најголема излезност од 1978 па досега. Високите трошоци за живот, инфлацијата, имиграцијата и високите даноци се главна причина за тоа. Воедно, овде е и ,,лудото” барање на Макрон каде тој побара државата да испрати војници од украинска страна на руско-украинскиот фронт кој наиде на отпор кај француската јавност.

Сега ни следува една недела на политичко пазарање. Најверојатно сценарио е по изборите на 7 јули Националниот одбор на Ле Пен и Бардела да направи коалиција со про-ЕУ Макрон каде за првпат ќе имаме крајно десен премиер на Франција во коалиција со Макрон па затоа би морал ,,да омекне” со своите ставови, да ја детоксира партијата од старите навики и да биде премиер на сите граѓани. Има опција и крајната десница да освои апсолутно мнозинство во Националното собрание. Партијата Национален собир и нејзините парнери да добијат меѓу 230 и 310 места во члениот долен дом на францускиот Парламент од 577 пратеници каде за апсолутно мнозинство потребни се 289 од нив.

Мило ми е што Франција конечно се освести. Европа се врти, #СвесноНаДесно 🇫🇷👌

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email