„Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“ – дискусија за курсот на Ендру Тејт

Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“ – дискусија за курсот на Ендру Тејт

„Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“ – дискусија за курсот на Ендру Тејт

Курс на Ендру Тејт

Седам на кафе со една другарка и низ муабет го спомнувам курсот на Ендру Тејт. Кажувам пофални зборови за тоа што тој го прави за младите луѓе од аспект на претприемништво. Јас, како еден од стотиците илјади низ светот кои го имаме купено курсот, во кратки црти раскажувам дека од таму сум научил како се прават пари. Преку маркетинг совети, специјализации во области како copyrighting, affiliate marketing, freelance, управување на мал бизнис, менаџирање со финансии и други, од курсот научив како да уживам во предностите на капитализмот.

„Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“

Другарка ми слушнала нешто, но не 2дослушнала. Не знае дека Ендру Тејт не е толку лош како што е претставен по медиумите. После се фати за капитализмот, дека има многу негативни страни, дека порано било многу подобро во „старите добри времиња“, а потоа од еден на друг аргумент ја изгуби поентата на муабетот.

Немаат „свое јас“

Многу се нервирам кога некој се води од мислењето на „широката маса“ и така креира мислење, без да има свое јас. Да бидеме искрени – огромен број од младите немаат проблем ниту со капитализмот, ниту со Ендру Тејт, туку со МРЗАТА и УЖИВАЊЕТО ВО КОМФОР ЗОНАТА.

Денот им се сведува на кафе муабет и терање сеир. Глумат лудило, а се разгалени до максимум! Без оглед на полот, многу млади луѓе на 20 и кусур години се однесуваат како да се прва година средно.

Разгалена младина

Тато носи, мама меси. Секој ден спијат до 12, а без никакво работно искуство сакаат директорски позиции. „Е да бе, јас ли да работам за 500 евра, не сум будала да се мачам за таа сума!“ „Мамо, може ли стотче за кафе?“ Бараат работа, ама молат Бога да не ја најдат. Озборување и презир, дури и самите ќе се изгубат во својата ОМРАЗА КОН ПОУСПЕШНИТЕ од нив. Зошто? Затоа што не сакаат да излезат од својата комфор зона додека без срам и чувство за самостојност и одговорност бараат стотче за кафе.

Мило ми е што не сум како вас

Мило ми е што не сум како вас! Мило ми е што сум на спротвната страна која сака да направи промени, да учи и да се едуцира за подобро утре на секој план, пред сѐ на финансиски и фамилијарен.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“ – дискусија за курсот на Ендру Тејт
Барам работа, ама молам Бога да не ја најдам“ – дискусија за курсот на Ендру Тејт
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email