Велат: Ни Швајцарец не е горд на својата Швајцарија колку што аеродромец е горд на својот Аеродром. Ова е една од најточните изреки кои ги имам слушнато бидејќи најголем дел од моите маалски другари (а богами и јас) со задоволство го потенцираме Аеродром, кога има, но дури и кога нема потреба. Секогаш тежнееме да ја нагласиме нашата општина која впрочем не е многу различна од другите урбани скопски општини, освен по една работа.
Кога се возите од Центар накај Аеродром поминувајќи ја Железничка од десна страна секојдневно гледате еден графит: Аеродром го сака МЗТ Скопје! Токму МЗТ е причината што Аеродром има посебен шарм, посебна енергија и нешто кое за да го разберете треба сте го поминале. Нешто кое почнува уште од основно училишта кога во соблекувалната на физичко се пее „Цел живот мој на тебе посветен“.
Тие времиња кога МЗТ ни беше опсесија и главна преокупација одамна поминаа. Сега пораснавме и сосема логично е тоа што МЗТ ни е споредна работа за разлика од тогаш кога немавме други грижи, но неспорно е дека голема улога во градењето на личноста во која сме пораснале денеска има трибината.
Но, оваа недела од 13-ти до 17-ти април време е да се вратиме онаму каде застанавме. Да ги одбележиме двата големи јубилеи на нашата група: 25 години постоење Фемили Аеродром, 35 години постоење на Сервис Кру. Дел од турниот ќе има хуманитарен карактер, а средствата да отидат во новоосновата фондација во чест на нашиот другар Марко Божиновски кој прерано нè напушти. За нашиот труд и заложба, доволно е за сè тоа да нè награди нашиот КК МЗТ Скопје со пласман таму каде што припаѓа – во првата Аба Лига!
Време е да го вратиме ентузијазмот. Да ја вратиме нашата ТЕНЗИЈА и да го вратиме МЗТ Скопје на старите победнички патеки. Среда 18.00 се гледаме најмасовно до сега во СЦ „Јане Сандански“. СИТЕ ВО САЛА! 🇦🇷
Боемот 2.0 #ИНекаЗнаеЈадранот
P.s. Многу луѓе сакале… 😉