НЕ за пушење цигари по затворени простории и детски игротеки!
Секоја година штом заладува, кога ќе влезам во кафич ми текнува на стиховите од Тоше Проески: „Магла пак ме покрива“. Влегувам во кафич среден, а излегувам усмрден како да сум бил на копање. Усмрдена облека, тело и коса, но и непријатен и штетен мирис по нашето здравје.
Во нашата држава не се применува Законот. Се знае – цигари се пушат на тераси, а во сите локали мора да има и простор каде непушачите ќе може на раат да седнат. Што е до мене, треба и IQOS да прекине да се пуши по затворени места бидејќи и тие смрдат, но прво да ги решиме цигарите. Дискотеките и кафаните не ги спомнувам, таму е дива лига. Речиси секаде владее безредие. Згора на сѐ, она кое страшно загрижува е тоа што се пуши и по ДЕТСКИ игротеки каде се загорзува здравјето на децата.
Време е да го ставиме здравјето на прво место, но и законите конечно да почнат да се почитуваат. Доста ми е од усмрдена облека, коса и тело. Не за пушење по затворени локали, не за пушење по детски игротеки!
Боемот 2.0