Наставниците заслужуваат поголема плата: Поддршка за штрајкот на просветните работници!

Во општество каде сè и сешто е поскапено платата на просветниите работници стагнира. Поразително е платите во образованието – сектор кој е најважен за прогрес и здрава младина, нивните учители да бидат третирани со помала плата од многу професии во Македонија.

Кога државата не излегува во пресрет, правото на штрајк е целосно легитимно и затоа МОН треба да прекине да прави притисоци. Заедно со владата наместо да врши притисок на професорите и вработените во градинките кои се одлучуваат да штрајкуваат, треба да им излезе во пресрет на нив.
Време е утре да почне најсериозниот штрајк досега. Зошто? Затоа што пазарната кошничка е 40.000, а платата на наставникот е 25.000 денари. Ова е мизерно и затоа само СЕРИОЗЕН штрајк е одговор на НЕСЕРИОЗНИОТ пристап на властите!

За мотивирани наставници, за успешни ученици, за задоволни родители. Бојкот на наставата сè додека владата не ги зголеми платите на наставниците! Поддршка!

Боемот 2.0

P.s. За оние кои не се запознаени барањата на СОНК (самосојниот синдикат) се платите на вработените во училиштата и градинките да пораснат за 18.5%, во спротивно од утре стапува на сила големиот штрајк.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email