Започнува изборниот ураган

Помина полноќ. Започнува изборниот ураган. Македонија влезе во претседателската кампања која е зачинета со парламентарните избори кои се поклопуваат со вториот круг на претседателски избори. За оние кои не знаат да повториме: Прв круг претседателски избори се на 24 април (среда), втор круг претседателски избори заедно со парламентарни избори 8 мај (среда).

Следните 20 дена (па и повеќе) ќе бидат за некому омилени, за некому кошмар. Омилени за печатниците и медиумите кои ќе наполнат пари, комшмар за партиските активисти кои ќе киснат на терен.
Поточно, ќе бидеме сведоци на: билборди, митинзи, ТВ реклами, средби со граѓани, пропаганди, гужви пред штабови, ветувања кои претежно се лажни. Истите тие кои направиле да сме во ова дно ќе не‘ убедуваат дека е сјајно и се‘ ќе биде по старо.
Во следниов месец ќе видиме два вида на политички активисти: Едни од лична корист (претежно повозрасни луѓе кои партијата ја гледаат како место за приход) и уште едни, поретки идеологисти, но сепак кои постојат (претежно млади дечки полни со ентузијазам). Овие вториве ги почитувам.
Порано, кога сум ги гледал работиве како дете сум велел: „Уаа политичари преваранти“. Сега пристапот ми е поинаков. Не дека не се преваранти, но единствен начин за излез од безизлезноста е политичко активирање и желба за промена на нештата. И да не успееме, барем да пробаме. Можеби грешам, но со седење дома со скрестени раце и со игнорирање на тоа дека има избори им правиме услуга на криминалците. Затоа од старт ви кажувам: На следните избори едно е важно – излези и гласај!
Нѐ очекува гадна, „прљава“ кампања. Практично: вистински ураган. Ќе дознаеме кој и што договарал во четири очи, кој каква швалерка има, матни тендери и што сѐ не. Не сакам да е така, но сите знаеме какво поднебје е Балканот и дека политичарите и живи луѓе газат за да стигнат до власт.
Сепак, да гледаме и на „позитивната страна“ од овој ураган: Ќе се наполниме со упаљачи, маички, пенкалца, тефтерчиња (уште имам од ВМРО дома), програми кои ќе се најдат за потпалување во зима, а ако се дарежливе партииве можда и локум ќе земеме. Како што почастија СДСМ пред 10-ина година.
Како и да е, посакувам успешна кампања на сите политички субјекти. Нека биде фер и коректна.

Доколку сакате да коментирате на објавата тоа може да го направите ТУКА.
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email