Сме постоеле и ќе постоиме: Македонци живеат и зад границите на нашата држава!

Историски факт е дека Македонци живеат и надвор од сегашните граници на нашата држава. Неспорно е дека во минатото (па и до ден денес) станувало збор за асимилација и егзодус врз нашиот народ. Така, облеани со страв Македонците престанале да го искажуваат нивното национално чувство. Но, не може со сила да се уништи нешто што […]

Што се акции и зошто се атрактивни?

По долго време конечно сум сведок дека меѓу младите се зборува за финансиски теми како: инвестиции, акции, криптовалути. Искрено, многу ми е мило што конечно младите се освестуваат и прават просперитетни муабети. Сè е тоа убаво, но пред да инвестираат сметам дека треба убаво да прочитаат што се акции и на кој принцип фунцкионираат. Токму […]

Бојкотирам Halloween!

За жал, во нашата држава луѓето секогаш тежнеат да бидат нешто што не се. Правиме сѐ само за да се биде „во тренд“, па затоа многумина почнуваат да слават и празници кои не се наши. Таков е примерот и со „Ноќта на вештерките“, Halloween. Во супермаркетите полни рафтови со тикви и страшни маски наменети за […]

За успех не ви треба мотивација, туку дисциплина и паметно менаџирање со средствата!

Многу луѓе би направиле сѐ да најдат изговор, но ретко би направиле нешто да ги сменат нивните животни навики. Сите сакаат „лежерен“ живот, пиење по неколку кафиња дневно, за потоа да се жалат како општеството не им чини. Свесни сме дека живееме далеку од идеално општество, но факт е дека за многу работи најпрво би […]

Една година од локалните избори: Дали кандидатите ја оправдаа довербата на народот?

Една година од локалните избори. Една година од изборите кои тектонски ги променија политичките случувања во Македонија и го сменија јавниот дискурс во нашата држава. Пред изборите слушавме многу, па една година подоцна би сакал да пишам мое мислење околу (дел од) избраните градоначалници. Да почнам од она кое се каам до ден денес, дека […]

Вистински пријатели

Во ситните саати (како сега во 3.14 часот) секогаш ми доаѓаат на памет некои теми кои не ги мислам во текот на денот. Па, така и текстот којшто ќе го пишувам на тема „вистински пријатели“. Иако насловот звучи како писмена работа за осмо одделение сепак суштината е многу подлабока. Можеби е клише, но целосно вистинит […]

3 сабајле е термин кога…

3 сабајле е термин кога си оставен сам на себе и единствен период од денот кога си „свој“. Ако мора да го опишам, ќе го наречам „боемски“ бидејќи алудира на неконвенционалниот живот. 3 сабајле е дел од денот кога доаѓаат најдобрите идеи, бизнис планови и животни одлуки. Некои се враќаат од журка, па јадат топол […]

Од работа нема срамота

Имав само 15 години кога првпат се вработив во една печатница. Јас, детенце со пубертетски бркчиња, изгубен и збунет почнав да работам. Работев 4-5 саати дневно, а дневницата ми беше смешни 200-300 денари. Не ми беа неопходни, но откако ќе ги земав вечерта имав да си купам сладолед и хамбургер без да им барам пари […]

Зошто сите молчат за криминалната банда наречена „Комисија за полагање градска“?

„Организирана мафија“ – тоа е единствениот термин кој може да ја опише комисијата за полагање градска со автомобил и целиот тој организиран систем исполнет со корупција. Сите имаме слушнато како некои извозеле добро на полагање за кола, но бутнати се заради измислени грашки како на пример (невидлив) пешак. Секојдневно еден куп тинејџери и студенти се […]

Парадоксалноста на дело: Видовте ли некоја феминистка да ѝ честита победа на Мелони?

Италија доби нова влада. За првпат во историјата на оваа држава таа ќе биде предводена од ЖЕНА, Џорџа Мелони. Десниот блок кој го води партијата „Браќа на Италија“ освои уверлива победа и во долниот и во горниот дом на италијанскиот парламент. Во коалција со неа се Форца Италија на Берлускони, и крајно десничарската партија Лига […]