Сите шмркаат, а никој не е настинат!

Чудна работа секој викенд. Сите шмркаат, а никој не е настинат. Скопјево, како и цела Македонија, врие од дрога. Сите сметаат дека ако посегнат по оваа „модерна занимација“ дека ќе бидат чекор напред, дека ќе бидат главни фаци, а впрочем е далеку од тоа.


Дали во државава има надлежни на ваквите прашања? Дали сте свесни колку дрога има околу нас? Се чека ред пред секое WC во кафана, диско токму заради ова. Уште од 17-18 години посегнуваат по дрога, а каде ли е крајот. Глумење надмоќ и елитизам, шмркање „на велико“, земање најразлични сомнителни супстанци без да се знае нивното потекло. Грамот не е грам, туку е 0,7. Пари во рацете на мафијата, но не е тоа проблемот.

Мене ме загрижува тоа што никој не зборува за последиците од конзумирањето дрога. Да бидеме реални, ретко кој останува на еднаш. Синдром на апстиненција, оштетување на нервниот систем, несоница, проблеми со срцето, шизофренија. Конзумирањето дрога има страшни последици. А дрога земаат сите, најмногу оние кои утредента вам ви продаваат морални вредности и слично. И тоа навистина загрижува. Да бидеме реални. Мнозинството земаат дрога за да избегаат од проблемите или да глумат некаков елитизам со парите од тато. А никој не размислува на долгорочните штетни последици. Затоа, ви препорачувам. Дрогата има последици.

Додека го читате текстов можеби се пронајдовте. Не се секирајте, не сте ни први, ни последни ако сте посегнале по дроги. Но, кажете СТОП и разберете ги последиците. Имајте свое јас и избегнете го ова модерно зло.

Боемот 2.0

P.s. Текстов го пишувам со посебен жар и нервоза бидејќи некои оц луѓето кои ми биле блиски и еднаш земале дрога сега скршнаа од патот. Се надевам дека ќе освестат додека не е предоцна и се надевам дека истите ќе се препознаат во овој текст.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email