Гледам дека се‘ поактуелни стануваат некои т.н. брзи кредити и цела Инстаграм заедница, но и „јавни личности“ нив ги промовираат. Искрено, ми се превртуваат цревата кога видам како некој со насмеано лице нив ги промовира пошо да промовираш брз кредит ти е ко да промовираш шмркање бело – ги навлекуваш луѓето на порок и можеш да ги зафркеш многу јако.
НЕ постои враќање со нула проценти камата, немојте да се лажете. Нула посто камата е елоквентна на „купи телефон од ВИП за нула денари“ што во пракса, не постои односно за да стигнете до таа фиктивна нула треба да се изнададете брдо пари.
Ќе ви пренесам пример за кој што слушанав од мој близок. Земал кредит од МКЕШ за 25000 денари на 9 месечни рати, а кога отишол да го врати платил 46000 денари. И сигурно, по примеров лихварските друштва ќе ги наречете за „лопови“ или „рекетари“. Не дечки. Они само си ја работат работата, исто како и казината, а оние кои губат сте само вие што свесно потпишувате дека ќе ги вратите тие пари.
Отворете очи! Сфатете дека брзите кредити се зло и никој не ви дава пари „на тацна“. НЕ ПОСТОИ НУЛА КАМАТА. Воедно, внимавајте што промовираат „инфлуенсерите“ на кои им верувате бидејќи во пракса не е се‘ така розево…
А размислете и кој ги зема овие кредити… Само оние кои што се навлечени на пороци: коцкање, дрога, алкохол… Ако сте еден од нив искрено ве замолувам да се запрашате дали вреди уште да бидете навлечени на овие пороци и гледајте како побрзо да се оттргнете.
Памет во глава… Овој пост го пишувам за ве заштитам да не направите глупост и вие: НЕ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ, НЕ ЗА КОЦКАЊЕ, НЕ ЗА ДРОГА! Една македонска поговорка гласи: ПУШТЕТЕ СИ ГИ НОЗЕТЕ КОЛКУ ШТО ВИ Е ДОЛГА ЧЕРГАТА!
Боемот 2.0