НЕ за кладилница и казино: НЕМА БРЗИ ПАРИ

Фирмите кои работат со најголема добивка во Македонија се кладилниците и казината, а тоа е доволен индикатор за да сфатите зошто кај нас владее толкава сиромаштија. Се затвораат пекари, се отвараат казина. Целата држава ни наликува на Лас Вегас и Монако само што кај нас народот попрво би дал 100-ка за во казино, отколку да си ги задоволи неопходните потреби.

Загрижува тоа што младите се навлечени на казино и кладилници. Уште повеќе загрижува тоа што наместо да се оттргнат од ова, тие посегнуваат по брзи кредити и лихвари… Наместо некој да им каже СТОП и да ги предупреди да внимаваат од брзите кредити, тие го прават спротивното. Загрижува тоа што младите попрво би седеле цел ден во кладилница и би чекале „џекпот“ отколку да фатат книга и нешто да научат или да пробаат со чесна работа да заработат.

Она што најмногу од се‘ ме вади од такт е тоа што родителите на децата кои се коцкаат работат чесно и од тоа одвојуваат да дадат дел на своите сакани деца, а тие? Ајде да им се обратам ним. Пред да ставите богородица во апаратот ви текнува ли на вашите родители кои едвај сврзуваат крај со крај? Ви текнува ли на вашите баби и дедовци што тргаат од својата скромна пензија да ви дадат вас?

Како им возвраќате на оние кои најмногу ве сакаат? Со трошење на вашите пари по казина и кладилници наместо да си направите нешто за лично задоволство? Јас до некаде и би разбрал ако вие имате вишок пари и од забава се коцкате, но вие се коцкате за да ЗАРАБОТИТЕ.

До толку ли сте плитки во мозокот? Дали мислите дека некој го направил апаратот со цел баш вие да заработите? Дали сте свесни за последиците кога губите пари и дали сте свесни дека тоа влијае на вашето целокупно расположение?

Ќе прашате зошто ваков револт од моја страна и зошто ваков речник? Бидејќи не може до толку оваа индустрија да зема замав. Освестете се со време и доколку се комарите прекинете уште денеска. Памет во глава! ❤️

Боемот 2.0

P.s. Јас лично воопшто не се коцкам, ниту кладилница, ниту казино. До некаде разбирам ливчиња на 40-50 денари, но и од тоа ви препорачувам да се тргнете. Истите пари ако ништо друго потрешете ги боемски, по кафани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email