Чудно. Живеам во генерација на богати деца со сиромашни родители, општество кое се темели на социјални мрежи, а меѓу луѓето социјални дистанци. Друштва каде главни „фраери“ се тие што возат кола кога се пијани и поминуваат на црвено светло, друштва каде те сметаат за фаца ако се дрогираш. Агресија и фацки што те гледаат на криво, нарачани таблички за да си лечат комплекси. На секој чекор џанкери, спонзоруши и сељачишта, сите во свој свет со облеани со злоба или фејк насмевки. Македонско општество поделено на „вмровци и комуњари“, „патриоти и предавници“, „злото и прогресивните“. И стварно ми е дегутантно да гледам толку агресија, апатија и нервозни луѓе. Себичност, алчност и неправда. Чесните гнијат по затвори додека тие што направиле криминали се гордеат со тоа. Децата на чесните работници се срамат дека татко им работи за просечна плата, а децата на криминалците се курчат со нелегитимно стекнатите пари. И точно. Овие работи ги има насекаде во светот, но кај нас во Македонија најмногу се изразени. Токму затоа ќе завршам со една мисла на американскиот новелист Џејмс Болдвин: „Јас бескрајно ја сакам мојата држава и затоа имам право бескрајно да ја критикувам“. И ќе продолжам да ја критикувам за еден ден, барем дел од овие работи да станат минато!
Боемот 2.0