Нашата гордост, нашата автентичност, нашата светла точка – Пишувајте Кирилица

Додека сè уште е актулена посетата на бугарскиот премиер Петков во Македонија, би сакал да зборуваме на една тема која индиректно е поврзана со јазикот и да направиме една споредба со Бугарија.
Во една соседна Бугарија, за која имаме стереотип на „цигани“, „сељаци“, „затуцани“ 90% од населението пишува на кирилица. Си ја сакаат и си ја ценат својата азука, секогаш пишуваат на кирилица, а таму стереотипот е дека ако некој не пишува на кирилица, тогаш тој е неписмен. Нашата гордост, нашата автентичност, нашата светла точка како народ се нарекува КИРИЛИЦА. Азбука која ја имаме и злато вреди, но ние не ја применуваме. За жал, мора да им се угледаме на Бугарите за ова и да почнеме да пишуваме на кирилица.
Со мобилните најчесто се користи латиница и тоа со некоја англиска транскрипција. Сето ова е за жал од нашата неодговорност (или мрза) да го смениме писмото на телефонот од англиско во македонско само со еден допир.
Да си ја истакнеме нашата национлна посебност, да се гордееме со она што го имаме, да го покажеме на дело ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ – ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА!

Боемот 2.0 #ПишувајтеКирилица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email