Народ кој не го цени своето минато, нема своја иднина!

Бидете горди на вашите корени. Само тие се вашиот постојан и единствен дом. Само тие никогаш нема да ве напуштат и само таму ќе бидете свои. Без разлика од каде сте, немојте да криете, немојте да избегнувате да дадете одговори. И само така, чекорејќи по патот на вашите предци можете да помогнете заеднички да направиме подобро место на живеење. Американците имаат една изрека „freedom isn’t free“, а овие зборови најдобро го отсликуваат тоа дека секогаш мора да ја знаеме нашата историја. Се разбира, локал-патриотизмот е одлична појава која создава сплотеност, единство и само така може опшината, градот или државата да просперира. Патриотизмот не значи никаква затуцаност и ако не бил истиот никогаш општеството немало да оди напред со таков интензитет. Учете ја историјата за истото да не повтори, цените го вашето семејно стебло за истото да продолжи да се негува. Разберете дека почитта кон нацијата, градењето на фамилијата и продолжувањето на стеблото се најдобар гарант за општа благосостојба. Не потпаѓајте под лагите и продолжете да чекорите по патот на традицијата. За наше добро.

Боемот 2.0 #conservative

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email