Втор дел политичка анализа: Дали Македонците треба да застанат на страната на Украина?

Моменталната криза произлегува од руско-украинската војна од 2014 година која доживеа своја кулминација лани. Руското министерство за надворешни работи во декември 2019 година достави барање до НАТО во кое се предвидува намалување на војниците и воената опрема на НАТО во Источна Европа во замена за повлекување на руските војници. Ова барање беше отфрлено од страна на НАТО-сојузниците, а Русија беше предупредена дека би се соочила со економски санкции доколку изврши напад врз Украина.

До 2022 година се вршеа билатерални разговори помеѓу САД и Русија, но не беше постигнат успех за смирување на кризата, туку Русија само ги зголеми барањата. Затоа, состојбата е пред ескалација. Првенствено Крим, но и територии како Донбас и Луганск се места каде што може да има ескалација. Тука можеме да ги истакнеме и руските сепаратисти во Донбас чија крајна цел не е припојување кон Русија, туку само признавање руски права во украинскиот устав што до некаде е разбирливо. Неспорно е дека во овие територии има руско малцинство кое сака да се припои кон Русија. Овде се спроведе референдум во 2014 година кој беше неуспешен поради тоа што се спроведувал исклучиво на територијата на овие простори, а не на цела Украина. Од друга страна пак, логично е ако се прават референдуми да биде на територијата на цела држава, а не само таму каде што има мнозинство Руси.

Моментално се наоѓаме на средината на воено-дипломатските натегања. Америка испраќа нови трупи и дава предупредувања, а Русија забранува влез од високи ЕУ дипломати. Но, и покрај се‘ сметам дека ситуацијата нема да ескалира и нема да има војна.

Искрено, и двете страни до некаде се во право. Но, како Македонец кој се соочува со проблемот од тоа што мацинствата сакаат сепаратизам застанувам на страната на Украина. Сега, а и секогаш ќе бидам на страната на угнетените и на оние кои си го брат својот дом и својот народ! Воедно, не смееме да заборавиме дека Украина ни помагаше да си го зачуваме територијалниот интегритет во 2001-ва година така што не снабдуваше со оружје и авиони. Украинците се наш братски народ, кои помагаат со дела, а не на зборови. Затоа, давам јасна и недвомислена поддршка на Украина.

Боемот 2.0 #славаукраїні #UkraineFreedom

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on email
Email